Friday, December 30, 2016
Чоколаден куглов со портокал / Orange Bundt Cake
Убаво како зимски распуст, како снег на Божиќно утро, како подарок под елка :) Едноставно совршен рецепт за зимски десерт. Чоколадо и портокал во комбинација со цимет,. Магија. Можете од горе да си ставите и малку џем или некакво слатко. Јас го сакам без ништо.
Tuesday, December 27, 2016
Зукото / Zuccotto
Еден ладен рецепт кој секако ќе ве стопли. Италијанска
торта со бисквити, по потекло од Фиренца. Се јаде во полузамрзната состојба.
Главните состојки се бисквити, крем и некаков лиќер или рум. Зукото на
италијански значи „мала тиква“ бидејќи се правела во сад кој личи на мала
тиква. Колку и да ви зборувам колку е вкусна, не можам да ви опишам. Верувајте
им на италијаните. Мислите дека тие би погрешиле кога се работи за десерт?
Thursday, December 22, 2016
Млечен десерт со бисквити / Milk Dessert in a Cup
Еден лесен рецепт, совршен за кога сакаме да си каснеме
нешто вкусно, а да не бара многу подготовка. Нема ни печење ни некоја посебна
припрема. А резултатот е волшебен. Кога добив коментари од домашните дека ова е
највкусното нешто што сум го зготвила, си помислив – еј а сите тие торти кои
бараа саати поминати во кујна? Овој десерт ги победи.
Saturday, December 17, 2016
Посна манџа со праз / Leek Stew
Скоро како да е со месо :) Навистина е вусна и е одлична замена за кога се пости или кога сакате да паузирате од месо малку.
Thursday, December 8, 2016
Чоколаден чизкејк / Chocolate Cheesecake
Совршен десерт за оние кои си љубат и десерти и сирење.
За тоа колку е калорична тортава, кажува фактот што на првите олимписки игри им
била служена на атлетичарите. Но, кога ќе ја пробате ќе сфатите дека вреди секоја внесена калорија. Ако сте ги гледале „Пријатели“ сигурно се сеќавате на
онаа нивна тепачка за „Чизкејк“, епа пробајте го рецептов и ќе знаете зошто
толку жестоко се бореа за една „обична“ торта.
Sunday, December 4, 2016
Штрудла со јаболка / Apple Strudel
Subscribe to:
Posts (Atom)