Совршен десерт за оние кои си љубат и десерти и сирење.
За тоа колку е калорична тортава, кажува фактот што на првите олимписки игри им
била служена на атлетичарите. Но, кога ќе ја пробате ќе сфатите дека вреди секоја внесена калорија. Ако сте ги гледале „Пријатели“ сигурно се сеќавате на
онаа нивна тепачка за „Чизкејк“, епа пробајте го рецептов и ќе знаете зошто
толку жестоко се бореа за една „обична“ торта.
За тестото:
-
225 грама од чоколадните бисквити на
Жито Лукс
-
4 супени лажици путер
(да, само тоа)
За филот;
500 грама крем сирење
-
160 г кафеав шеќер
-
230 грама павлака
-
270 г темно чоколадо
-
4 јајца
-
2 супени лажици какао
-
Малку сол
Бисквитите се толчат и се мешаат со стопениот путер па се
ставаат во форма за торта. Јас ги
користам чоколадните бисквит на Жито Лукс. Превкусни се и ја имаат баш онаа
текстура која е потребна. За убаво да се распоредат се рамнат со задниот дел од
лажица и се притискаат убаво. Основата за тортата се пече на 180 степени, 10
минути. Доколку сакате основата да е посочна и бисквитiте да не се
дробат вo
јадењето, можете да не го печете тестото. Сум пробала и така и можеби е и
поубаво.
Се топи чоколадото на водна бања. Јас го ставам
чоколадото во метална чинија врз тенџерче полно со вода која врие. Сирењето и
шеќерот се бијат убаво и им се додаваат какаото, солта и јајцата, едно по едно.
На крај се додава павлаката и растопеното чоколадо. Кремот се става над
бисквитната основа.
Се пече на водна бања во рерна загреана на 160 степени.
Водна бања се прави на тој начин што садот во кој се пече се витка на дното со
алуминиумска фолија и се става во поголем огноотпорен сад полн со вода. И така
се пече 45 минути, па се остава во исклучена рерна уште 15 минути. Внимавајте
средината на тортата треба да е мека и да мрда, а не да е целосно испечена.
Тогаш е готова.
Кога ќе се извади се става 4 часа во фрижидер.
Се сече на прачиња и се сервира. И нормално, најубаво оди
со добро вино.
The perfect
dessert for those who like cheese. It’s full of calories but
totally worth it. If you have watched “Friends” you surely remember their fight
over a cheesecake, well..try this recipe and you will understand why they were
fighting.
For this
lovely cake you need:
For the
crust:
225 grams of
the chocolate biscuits from Zito Luks
4
tablespoons melted butter
For the
filling:
500 grams
cream cheese
160 grams
brown sugar
230 grams
sour cream
270 grams
dark chocolate
4 eggs
2 tablespoons
cocoa powder
Some salt
Mix the
biscuit crumbs with the melted butter and place them in a cake pan. I use the
chocolate biscuits from Zito Luks because they are delicious and they have the
texture I need. Press the biscuits nicely with the back of a spoon. Bake the
cake base for 10 minutes at 180 degrees C. You can choose not to bake the base
if you want it to be more tender.
Melt the
chocolate over a water bath. Beat together the cheese and the sugar and add the
cocoa, salt and the eggs, one by one. At the end add the sour cream and the
melted cheese. Put the filling over the crust.
Bake in a
water bath at 160 degrees for 45 minutes. Do not overbake it. The center
should be soft and tender when it’s baked. Turn off the oven and leave the cake
inside for 10 more minutes.
When ready
leave it to cool outside for 15 minutes and then place it in the fridge for 4
hours.
Serve with
with some nice red wine.
Bon appetit!
No comments:
Post a Comment