Еден лесен рецепт, совршен за кога сакаме да си каснеме
нешто вкусно, а да не бара многу подготовка. Нема ни печење ни некоја посебна
припрема. А резултатот е волшебен. Кога добив коментари од домашните дека ова е
највкусното нешто што сум го зготвила, си помислив – еј а сите тие торти кои
бараа саати поминати во кујна? Овој десерт ги победи.
Потребни состојки:
- 600 г кисело млеко
- 400 г павлака
- 270 г од млечните бисквити на Жито Лукс
- 160 г шеќер во прав
- 6 лажици мед
- 3 праски од компот
- 1 лажиче желатин
- 1 пакетче ванилин шеќер
Се мелат бисквитите и се мешаат со медот.
Киселото млеко
и павлаката се мешаат со мискер со шеќерот и ванилата.
Се сечат праските на коцки. Желатинот се топи во вода и
се раствора на водена бања.
На дното на чашите се става од бисквитите,малку мед врз
нив, па од горе се става од млечниот крем. Па се ставаат праски и пак бисквити,
па крем, па праски. Од горе праските се мачкаат со желатин. ( ако ме прашувате,
не ставајте желатин воопшто. Само го компликува процесот)
Чашите се ставаат 30 минути во фрижидер и се сервираат.
Добар апетит!
An easy recipe for those moments when you want something sweet, tasty and easy to make. No baking and no special preparation. And still, the result is magical. I was a bit disappointed when my family said that this is the best thing I've made, since I have spent hours in the kitchen making those complicated cakes. This recipe is definitely a winner.
Ingredients:
- 600 grams (2,5 cups) sour milk
- 400 grams (1,5 cup) sour cream
- 270 grams (9,5 oz) from the milk biscuits from Zito Luks
- 160 grams (1/2 cup ) powder sugar
- 6 tablespoons honey
- 3 peaches
- some vanilla
Mix the biscuit crumbs with the honey. Combine the sour milk and the sour cream with the sugar and the vanilla.
Cut the peaches into cubes. Put some of the biscuits on the bottom of the cup, then some honey and some of the milk cream. Add some of the peaches, and biscuits, cream and peaches again. Repeat until you have no more of the ingredients.
Put the cups into the fridge for 30 minutes before serving.
Bon appetit!
No comments:
Post a Comment