Sunday, May 28, 2017

Пилешка чорба / Chicken Soup

chicken soup

(scroll down for the recipe in English)

Иако според календарот би требало да ви пишувам рецепти за сладолед и освежителни коктели, времево е само за супа, колку потопла, толку поубаво. Овој рецепт ми го кажа една пријателка и уште пред да го направам знаев дека ќе е добар. Топла пилешка чорба со кари. Блажината која ја има од јаболката е совршена, доволно да е вкусна, но да не изгуби од основниот вкус. Се прави многу брзо и не бара некои претходни припреми.

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 3 јаболка
  • 6оо грама пилешки стек
  • масло за пржење
  • 600 мл вода
  • 200 мл кисела павлака
  • сол
  • црн пипер
  • коцка пилешка супа
  • 1 лажица брашно
  • 2-3 лажички кари
chicken soup

Сварете го пилешкото месо и исечете го на мали парчиња. Исецкајте ги и кромидот и јаболката. Ставете го исецканиот кромид во тенџерџе со масло да се пропржи, па додадете ги јаболката и месото. Пропржете се заедно неколку минути. Додадете го брашното (претходно растворено во половина чаша вода) и водата. Оставете го да вари 15 минути. 
Зачинете со сол, црн пипер и кари. Додатете ја и коцката пилешка супа.
Додадете ја павлаката и варете на тивко уште 5 минути.
Сервирајте со свеж магдонос или копар и уживајте во вашата чинија полна топлина.

Добар апетит!

chicken soup


Ingredients:
  • 1 onion
  • 3 apples
  • 600 grams chicken breasts (20 oz)
  • oil for frying
  • 600 ml water (3 cups)
  • 200 ml sour cream (1 cup)
  • some salt
  • some black pepper
  • one cube chicken broth
  • 1 tablespoon flour
  • 2-3 teaspoons curry
Cut the meat in small pieces and cook it well. Chop the onion and slice the apples. Heat some oil in a pot and add the onion. Fry the onion for 5 minutes and then add the apples and the meat. Fry everything for a couple of minutes. Dissolve the flour in 1/2 cup of water and add it to the pot. Then add the remaining water. Let it boil for 15 minutes.
Spice it with some salt, pepper and some curry. Add the cube of chicken broth.
Add the cream and cook it for 5 more minutes.
Serve with some fresh parsley and enjoy your bowl of warmth,

Bon Appetit!

chicken soup



Thursday, May 25, 2017

Пана Кота со амарето / Amaretto Panna Cotta



Panna Cotta

Прв пат правам пана кота и испадна баш убава. Мислев дека е нешто комплицирано, а тоа да ти била слатка павлака со желатин :) Убаво, вкусно, а многу едноставно за правење. Јас немав ни модли, па ја ставив смесата во филџани за кафе и сепак испадна успешно. Амаретото е мој додаток. Во последно време станав зависна од вкусот и го додавам во секој десерт

Monday, May 22, 2017

Шпагети Карбонара / Spaghetti Carbonara

spaghetti carbonara

(scroll down for the recipe in English)

Како што затоплува времето, се повеќе време сум надвор, во природа, покрај езеро. Оваа година решив и посериозно да се занимавам со градинарство, па секој сончев ден сум на викендица, ем уживам во езерото, ем подработувам. Значи, рецепти со домашен зеленчук во најава.
Но, да се вратиме на шпагетите. Ова е еден убав рецепт за во оние денови кога сакате да уживате во убавото време, а сепак да имате вкусен ручек за чија подготовката нема да поминете саати во кујна.