Еден лесен рецепт, совршен за кога сакаме да си каснеме
нешто вкусно, а да не бара многу подготовка. Нема ни печење ни некоја посебна
припрема. А резултатот е волшебен. Кога добив коментари од домашните дека ова е
највкусното нешто што сум го зготвила, си помислив – еј а сите тие торти кои
бараа саати поминати во кујна? Овој десерт ги победи.
