Friday, December 30, 2016

Чоколаден куглов со портокал / Orange Bundt Cake


Убаво како зимски распуст, како снег на Божиќно утро, како подарок под елка :) Едноставно совршен рецепт за зимски десерт. Чоколадо и портокал во комбинација со цимет,. Магија. Можете од горе да си ставите и малку џем или некакво слатко. Јас го сакам без ништо.


Состојки:

  • 2 филџани брашно
  • 2 лажичиња прашак за пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1/2 филџан какао
  • 1 лажиче сол
  • 3/4 филџан шеќер
  • 1 лажиче ванила
  • 1/2 филџан стопено чоколадо, плус уште толку за од горе
  • 1/2 филџан маслиново масло
  • 1 филџан сок од портокал
  • кора од еден портокал
  • малку цимет
  • 1 филџан врела вода


Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете го садот во кој ќе печите со масло.
Во поголем сад измешајте ги брашното, содата, какаото и солта.
Во посебен сад измешајте ги ванилата, чоколадото, шеќерот, маслиновото масло, сокот од портокал, кората од портокал, циметот и водата. Измешјате се убаво.



Искомбинирајте ги состојките од двата сада во еден.
Ставете го во садот за печење и печете 25 минути.


Прелијте го испечениот куглов со стопено чоколадо и додајте малку шеќер во прав. Јас си ставив и малку сува брусница.

Orange Bundt Cake

The perfect winter dessert. A bundt cake with chocolate and orange juice. It's sooo delicious.



Ingredients:
  • 2 cups flour
  • 2 teaspoons baking powder
  • 1/2 teaspoon soda
  • 1/2 cup cocoa powder
  • 1 teaspoon salt
  • 3/4 cup sugar
  • 1 teaspoon vanilla
  • 1/2 cup chocolate (melted) + 1/2 cup for the frosting
  • 1/2 cup extra virgin olive oil
  • 1 cup almond milk (I used rice milk)
  • 1 cup boiling water


Preheat the oven to 350 degrees F (180 degrees C). Grease the baking pan with some oil.
In a large boil add the flour, baking powder, soda, cocoa powder and salt.


In a separate bowl mix together the sugar, vanilla, chocolate, olive oil, milk and water. Combine everything well and add this mixture to the flour mixture.
Pour into the pan and bake for 25 minutes.







No comments:

Post a Comment