Showing posts with label бисквити. Show all posts
Showing posts with label бисквити. Show all posts

Wednesday, January 25, 2017

Шеќерни колачиња / Sugar Cookies

sugar cookies

Убаво е кога имаш пријатели кои те знаат доволно добро за да ти одберат совршен подарок. Си добив две прекрасни кутии за колачиња и тоа беше доволна инспирација за овој рецепт. Вкусни колачиња за со утринското кафе. Превкусни се и се топат во уста. Што е најважно, остануваат такви и после два-три дена. Омилениот дел од печењето колачиња ми е тоа што дома мириса толку убаво, така што колачињата се во втор план. Не, не се :) ама убавиот мирис дома после печење доаѓа како гратис.


Tuesday, December 27, 2016

Зукото / Zuccotto



Еден ладен рецепт кој секако ќе ве стопли. Италијанска торта со бисквити, по потекло од Фиренца. Се јаде во полузамрзната состојба. Главните состојки се бисквити, крем и некаков лиќер или рум. Зукото на италијански значи „мала тиква“ бидејќи се правела во сад кој личи на мала тиква. Колку и да ви зборувам колку е вкусна, не можам да ви опишам. Верувајте им на италијаните. Мислите дека тие би погрешиле кога се работи за десерт?

Thursday, December 22, 2016

Млечен десерт со бисквити / Milk Dessert in a Cup



Еден лесен рецепт, совршен за кога сакаме да си каснеме нешто вкусно, а да не бара многу подготовка. Нема ни печење ни некоја посебна припрема. А резултатот е волшебен. Кога добив коментари од домашните дека ова е највкусното нешто што сум го зготвила, си помислив – еј а сите тие торти кои бараа саати поминати во кујна? Овој десерт ги победи.