Tuesday, March 14, 2017

Чорба со карфиол / Cauliflower Soup


Чорба со карфиол / Cauliflower Soup

( scroll down for the recipe in English)

Не можев да верувам дека карфиолот е толку вкусен во чорба. Толку е вкусен сам за себе што немаше потреба од зачини, само малку магдонос, сол и црн пипер.

Состојки:

  • 1 карфиол
  • 3 лажици гриз
  • вода
  • сол
  • магдонос (сув)
  • црн пипер

Ставете го карфиолот во тенџере и покријте го со вода. Можете веднаш да ги додадете зачините. Варете се додека не омекне карфиолот. Тргнете го тенџерето од шпоретот и со лажица распарчете го карфиолот. Вратете го на оган и додадете го гризот. Гответе уште 5-10 минути.

Добар апетит!


Cauliflower Soup!

Ingredients:
  • 1 cauliflower
  • 3 tablespoons semolina
  • water
  • parsley (dried)
  • salt
  • black pepper
Put the cauliflower in a pot and cover it with water. Add all the spices. Boil it until the cauliflower is soft. Remove the pot from the heat and slice the cauliflower in the pot. Add the semolina and return the pot to the cooker. Boil for 10 more minutes.

Enjoy!


Friday, March 3, 2017

Колач од овес и јаболка / Oatcake with apples



Ќе помислите - овес како овес, ама верувајте дека колачов е превкусен. Одличен е за десерт и како доручек. Мој предлог за сите што си постат или сакаат да се хранат здраво. Без масло и без никакви млечни производи или јајца. Додека се сетив да направам фотографии од исечени парчиња веќе немаше. Тоа нека ви каже колку е вкусен.

Состојки:
  • 3 јаболка
  • 400 мл вода
  • 3 лажици мед
  • малку цимет
  • 200 грама овес
  • 5-6 јатки ореви, толчени
  • 50 грама брусница


Излупете ги јаболката и ставете ги со водата во тенџерче да се сварат. Додека се варат во водата додадете го медот и циметот. Тргнете го тенџерчето од шпоретот да се излади малку.
Изблендирајте ги јаболката заедно со водата во која се вареа. Во друг сад ставете го овесот, оревите и брусницата и додадете ја кашата од јаболка. Се убаво измешајте.

Тавчето за печење обложете го со хартија и турете ја смесата. 
Печете на 180 степени, 35 минути.


An oatcake that's delicious, healthy and easy to make. It's a perfect dessert or as a breakfast. You can add any dry fruits or seeds that you like, I chose the oat-apple combination.

Ingredients:
  • 3 apples
  • 2 cups of water
  • 3 tablespoons honey
  • some cinnamon
  • 200 grams (1 cup) oats
  • some walnuts 
  • 50 grams (1/4 cup ) red huckleberries, dried
Peel the apples and boil them for 5-10 minutes. Add some cinnamon and honey to the apples.
Let the apples cool for a couple of minutes and then mix them in blender with the water in which they were boiled.
In a separate bowl mix the oats with the huckleberries and walnuts. Add the apple mixture to the oats and mix everything well.
Cover a baking pan with baking paper and pour the mixture,
Bake at 180 C (360 F) for 35 minutes.

Enjoy!