Sunday, December 4, 2016

Штрудла со јаболка / Apple Strudel


apple strudel

Каква е таа есен без штрудла од јаболка? Самиот мирис дома додека се печи е доволен, а да не кажувам колку е лесна за правење и превкусна. Совршен доручек за малку да го стопли денот на почеток.
Потребни состојки:
  • 500 грама кори за пита
  • 5-7 рендани јаболка
  • 150 грама мелени ореви
  • 5 лажици гриз
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • малку цимет
  • 1 сув квасец растворен во вода
  • 1/2 филџан масло
Измешајте ги јаболката со шеќерот и оревите. Додадете го циметот и ванилиниот шеќер. Додатете малку гриз за смесата да не биде водеста.

apple strudel


Отпакувајте ги корите. Секоја кора испрскајте ја со масло и со растворениот квасец.

apple strudel


На секоја трета кора, на работ, ставете од филот. Завиткајте како ролат и ставете ја кората во сад за печење. Откако ќе го повторите истото со сите кори намачкајте ги сите кори од горе со растворениот квасец.  Печете на 200 степени, 20 минути.

apple strudel

Готовата штрудла поросете ја со шеќер во прав.

Добар апетит!
apple strudel


The perfect autumn recipe. Whether you have it as breakfast treat or during the day it surely will brighten your day.

Ingredients:

  • 500 grams (17 oz)  phyllo dough
  • 5-7 apples (grated)
  • 150 grams  (5,29 oz) walnuts (minced)
  • 5 tablespoons semolina
  • 5 tablespoons sugar
  • some vanilla
  • some cinnamon
  • 1 packet dry yeast dissolved in warm water
  • 1/2 cup oil
Mix together the apples with the sugar and walnuts. Add the cinnamon and the vanilla . Add some semolina so the filling won't be too moist.

apple strudel

Remove the phyllo dough from the package. Take one sheet of dough and brush it with some oil and some of the yeast. Repeat with three sheets placing them on top of the first one. On the edge of the third sheet place 5 tablespoons of the filling and roll it like a cigar. Place it in a baking pan. Do the same with the remaining dough.

apple strudel

Bake at 200 degrees C for 20 minutes.

apple strudel

When baked, sprinkle with some powder sugar.
Enjoy!


No comments:

Post a Comment