Friday, April 8, 2016

Шпагети со сос од брокула / Spaghetti with Broccoli Sauce


spaghetti with broccoli sauce

Едно од моите омилени посни јадења. Не можете ни да замислите колку е вкусна брокулата во комбинација со сусам и босилек. Лесно со за правење и е многу поздрава верзија на сите други сосови кои ги правите. Превкусно е. Се прави брзо, а е здрав и вкусен оброк.

Состојки:

  • 1 пакетче шпагети (500 грама)
  • 500 грама брокула
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 100 грама сусам
  • маслиново масло
  • сушен босилек
  • сол
Сварете ги шпагетите на вообичаениот начин.
За сосот, варете ја брокулата во солена вода околу 5 минути и исцедете ја водата. Ставете малку масло во тава за пржење и пропржете го кромидот и лукот. Додатете ја брокулата и малку од водата во која се вареше брокулата. Тргнете го тавчето од шпоретот и додадете босилек и сусам. После десет минути, кога ќе е малку оладено, ставете ја брокулата во блендер се додека не стане кремаста.
Ставете од сосот врз шпагетите. Добар апетит!



spaghetti with broccoli sauce

This pasta sauce is absolutely delicious. My favorite non dairy pasta sauce. It's almost as if it has cheese in it. Tasty and light. And so aromatic, with basil and sesame and garlic. Perfect combination of tastes.

Ingredients:
  • 1 package spaghetti (500 grams)
  • 500 grams (17 oz ) broccoli
  • 1 onion
  • 2 cloves of garlic
  • 100 grams (1/2 cup) sesame
  • olive oil
  • some basil
  • some salt
Cook the spaghetti the usual way and set aside.
Start preparing the sauce. Boil the broccoli in salted water for about 5 minutes and drain the water. Put some oil in a frying pan and fry the thin sliced onion and garlic. Add the sliced broccoli and some of the water in which the broccoli was boiled. Remove the pan from the heat and add the basil and sesame. After 10 minutes, when it is cooled, put the mixture in a blender and blend it well until the texture is creamy.
Add some of the sauce on top of the spaghetti, and enjoy your delicious pasta.


No comments:

Post a Comment