Friday, March 3, 2017

Колач од овес и јаболка / Oatcake with apples



Ќе помислите - овес како овес, ама верувајте дека колачов е превкусен. Одличен е за десерт и како доручек. Мој предлог за сите што си постат или сакаат да се хранат здраво. Без масло и без никакви млечни производи или јајца. Додека се сетив да направам фотографии од исечени парчиња веќе немаше. Тоа нека ви каже колку е вкусен.

Состојки:
  • 3 јаболка
  • 400 мл вода
  • 3 лажици мед
  • малку цимет
  • 200 грама овес
  • 5-6 јатки ореви, толчени
  • 50 грама брусница


Излупете ги јаболката и ставете ги со водата во тенџерче да се сварат. Додека се варат во водата додадете го медот и циметот. Тргнете го тенџерчето од шпоретот да се излади малку.
Изблендирајте ги јаболката заедно со водата во која се вареа. Во друг сад ставете го овесот, оревите и брусницата и додадете ја кашата од јаболка. Се убаво измешајте.

Тавчето за печење обложете го со хартија и турете ја смесата. 
Печете на 180 степени, 35 минути.


An oatcake that's delicious, healthy and easy to make. It's a perfect dessert or as a breakfast. You can add any dry fruits or seeds that you like, I chose the oat-apple combination.

Ingredients:
  • 3 apples
  • 2 cups of water
  • 3 tablespoons honey
  • some cinnamon
  • 200 grams (1 cup) oats
  • some walnuts 
  • 50 grams (1/4 cup ) red huckleberries, dried
Peel the apples and boil them for 5-10 minutes. Add some cinnamon and honey to the apples.
Let the apples cool for a couple of minutes and then mix them in blender with the water in which they were boiled.
In a separate bowl mix the oats with the huckleberries and walnuts. Add the apple mixture to the oats and mix everything well.
Cover a baking pan with baking paper and pour the mixture,
Bake at 180 C (360 F) for 35 minutes.

Enjoy!








1 comment:

  1. Hi I was just reading through your recipe and I noticed that you put huckleberry as the translation for brusnica. Brusnica is actually cranberry in english.
    Your recipe looks really good and I will be making it tomorrow for breakfast.

    ReplyDelete