Tuesday, January 17, 2017

Палачинки Сузет / Crepes Suzette

crepes suzette


Ставете ги зборовите- палачинки, Франција, шампањ и путер во една реченица и веќе имате волшепство. Само што ќе изговорам Крепс Сузет почнувам да ја замислувам Сена навечер и некоја убава музика што се слуша оддалеку. Но, да се вратиме назад. Ова е еден класичен француски десерт кој е толку едноставен колку што е вкусен. Има различни приказни за потеклото на овие палачинки. Омилена ми е таа дека некој млад готвач на грешка ги запалил палачинките кои ги подготвувал за принцот на Англија, но кога ги послужил сфатил дека се полн погодок. Кога Принцот го прашал како се викаат тој рекол Палачинки Сузет (Crepes Suzette) прво помислувајќи на името на девојката која седела на масата со Принцот и која се викала Сузет. Не знам колку е точна приказната, но совршено оди со овој рецепт кој е префинет и обичен во исто време.

Friday, December 30, 2016

Чоколаден куглов со портокал / Orange Bundt Cake


Убаво како зимски распуст, како снег на Божиќно утро, како подарок под елка :) Едноставно совршен рецепт за зимски десерт. Чоколадо и портокал во комбинација со цимет,. Магија. Можете од горе да си ставите и малку џем или некакво слатко. Јас го сакам без ништо.

Tuesday, December 27, 2016

Зукото / Zuccotto



Еден ладен рецепт кој секако ќе ве стопли. Италијанска торта со бисквити, по потекло од Фиренца. Се јаде во полузамрзната состојба. Главните состојки се бисквити, крем и некаков лиќер или рум. Зукото на италијански значи „мала тиква“ бидејќи се правела во сад кој личи на мала тиква. Колку и да ви зборувам колку е вкусна, не можам да ви опишам. Верувајте им на италијаните. Мислите дека тие би погрешиле кога се работи за десерт?