Ставете ги зборовите- палачинки, Франција, шампањ и путер во една реченица и веќе имате волшепство. Само што ќе изговорам Крепс Сузет почнувам да ја замислувам Сена навечер и некоја убава музика што се слуша оддалеку. Но, да се вратиме назад. Ова е еден класичен француски десерт кој е толку едноставен колку што е вкусен. Има различни приказни за потеклото на овие палачинки. Омилена ми е таа дека некој млад готвач на грешка ги запалил палачинките кои ги подготвувал за принцот на Англија, но кога ги послужил сфатил дека се полн погодок. Кога Принцот го прашал како се викаат тој рекол Палачинки Сузет (Crepes Suzette) прво помислувајќи на името на девојката која седела на масата со Принцот и која се викала Сузет. Не знам колку е точна приказната, но совршено оди со овој рецепт кој е префинет и обичен во исто време.
Состојки:
- 3 јајца
- 15 лажици брашно
- 1 чаша млеко
- малку масло
- вода по потреба
- малку сол
- малку ванила
- малку шеќер
за сосот
- рендана кора од еден портокал
- сок од еден портокал
- 100 грама шеќер
- 40 грама путер
- 20 мл шампањ (и бело вино ќе заврши работа)
- 40 мл ликер по избор (јас ставив амарето)
Палачинките се спремаат на обичниот начин. Се матат јајцата и полека им се додава брашното и останатите состојки. Се пржат палачинките од двете страни на вообичаениот начин.
Се ренда кората од портокал. Путерот се става на оган да се стопи и му се додава кората од портокал и постепено му се додава и шеќерот. Се турива сокот од портокал со постојано мешање и се остава да зоврие. Во сосот се ставаат 6-8 палачинки. Се преливаат со шампањот и амаретото и се оставаат уште неколку минути на тивок оган. Може и да се фламбираат на крај, но јас од безбедносни причини го скокнав тој чекор.
Се посипува секоја палачинка со шеќер во прав и се служи. И секако најдобро оди со бело вино.
Добар апетит!
Crepes Suzette!
A French Classic! А dessert recipe that is so simple and still so delicious and gracious (if you can use that word for a dessert). It takes you to France with every bite.
Ingredients:
For the crepes
- 3 eggs
- 15 tbs flour
- some oil
- 1 cup of milk
- some vanilla
- some salt
- some sugar
- some water
For the sauce
- orange zest
- orange juice
- 100 grams sugar
- 40 grams butter
- 20 ml champagne (or white wine)
- 40 ml amaretto
You make the crepes the usual way. Beat the eggs and gradually add the flour and all the other ingredients. Beat everything well. Fry the crepes on one side and flip.
Put the butter in a pan and when it melts add the orange zest and gradually add the sugar. Pour the orange juice whisking constantly and bring it to boil. Put 6-8 crepes in the sauce and cover with the champagne and the amaretto. Cook on medium heat for few more minutes. You can flambe them if you like.
Dust each crepe with powder sugar and serve them with some white wine.
Enjoy!
No comments:
Post a Comment