(scroll down for the recipe in English)
Најубави асоцијации за пролет ми се младо кромитче,
марула, младо лукче.... Е, да и мимозите што се продаваа на плоштадот во
Скопје. Уф, колку ги сакав нив.
Да се вратам на храната... пролет значи полесна
храна. Храна во многу бои. Оваа салата ми е омилена во ова време од годината.
За во оние денови кога за време на постот не се
јаде ни масло, направив прелив од семки од сончоглед и тоа ја прави салатава
совршена.
Потребни состојки:
Марула
Свеж спанаќ
4-5 млади кромитчиња
1 чаша варена пченка
За преливот:
1 чаша семки од сончоглед
2 лажици сенф
3 чешниња лук
Малку сок од лимон
Сол, бибер
Вода по потреба
Во чинија за салата измешајте ги исецканата марула,
спанаќ, младо кромитче и пченката.
За преливот, натoпете ги семките од сончоглед во
млака вода. Оставете ги така 15 минути.
Потоа, систе состојки за преливот ставете ги во блендер и додавајте вода сѐ
додека не добиете убав кремаст прелив. Обично треба неколку пати да пробате
додека не дојдете до, за вас, совршениот вкус. Јас обично сакам да е посолено и
покиселко.
Прелијте ја салатата и имате здрав вкусен оброк,
или додаток на главно јадење.
Добар апетит!
Spring is almost here and that means more fresh
ingredients and lighter food. This salad is my favorite for this time of the
year.
During the Great Lent there are days when we can't eat oil,
so I made the dressing with sunflower seeds and that makes this salad perfect.
You will need
some lettuce
some fresh spinach
4-5 spring onions
1 cup cooked corn
for
the dressing
1 cup sunflower seeds
2 tablespoons mustard
3 cloves of garlic
some lemon juice
salt
black pepper
water
Mix the lettuce, spinach, the
spring onion (cut in small pieces) and the corn in a big bowl.
For
the dressing, soak the sunflower seeds in warm water for about 15 minutes. Then
mix all the ingredients in a blender until you get a smooth paste. Add as much
water as it's needed.
Bon
Appetit!
And don't forget to check my other recipes :)