Monday, March 5, 2018

Посно колаче со суво овошје / Vegetarian Cake with Dried fruits


(scroll down for the recipe in English)

Еве еден десерт кој можете да го спремате и јадете без чувство на вина. Самите состојки кажуваат колку е вкусен, а сепак може да се смета за здрава храна. Лесно е за правење, а резултатот е превкусен. Нема млечни производи, ни масло.



Состојки:

  • чаша и половина млака вода
  • 500 гр. брашно
  • 1 мало лажиче прашак за пециво
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 5-6 лажици џем, каков ќе имате
  • 10 лажици шеќер, или ако повеќе сакате мед или некој друг природен засладувач
  • една рака сува брусница
  • малку цимет
  • малку екстракт од ванила или ванилин шеќер
  • кора од еден лимон
  • кора и сок од еден портокал
  • 1 рака суви урми
  • 1 рака суво кајсии
  • 1 рака сецкани ореви
  • 1 рака сецкани лешници
  • 150 грама стопено чоколадо
  • 200 грама мармалад од кајсии

Измешјате го брашното со содата и прашакот за пециво. 

Во друг сад измешајте го убаво џемот со шеќерот и млаката вода. Во џемот додадете ја кората од лимон и кората и сокот од еден портокал. Сѐ убаво измешајте.

Во смесата со џебот додадете го брашното полека и мешајте додека сѐ убаво не се соедини. 
Ставете цимет и ванила и додадете го сувото овошје и сецканите ореви. Убаво имешајте.
Садот за печење намачкајте го со малку вода и посипете со брашно за колачот да не се залепи.

Печете околку 30 минути на 180 степени.



Кога колачот е испечен намачкајте го со мармаладот од кајсии. Посипете со сецканите лешници и украсете со стопеното чоколадо.

Добар апетит! 




This is the simplest and healthiest cake in the world, and I can't describe how tasty it is. Nuts and dried fruits, some jam and some chocolate. No dairy products, and no oil.


For this delicious cake you will need:
1 and a half cup warm water
6 tablespoons strawberry jam
10 tablespoons sugar or honey
15 oz flour
2 tablespoons dried red huckleberries
6 oz dark chocolate (melted)
5 tablespoons ground walnuts
5 tablespoons ground hazelnuts
some cinnamon
1 tablespoons baking soda
half a teaspoon baking powder
the zest of one lemon
the zest and the juice from one orange
5 tablespoons dates
5 tablespoons dried apricots
5 tablespoons raisins
1 cup apricot jam
Preheat the oven at 350 F

With an electric mixer mix well the strawberry jam with the water and the sugar. When everything is well blended we add the lemon and the orange zest and the orange juice.
Then add the cinnamon and the red huckleberries.
In a separate bowl mix the flour with the baking soda and the baking powder. Add the flour to the flour to the other ingredients spoon by spoon, while mixing it.
Turn the mixer off and we add the raisins, the dates, the dried apricots and the walnuts.
Pour the mixture in a baking pan and bake in at 350 F for 25-30 minutes.
After it's baked, leave it to cool for ten minutes and then spread the apricot jam on top.
Cover it with the ground hazelnuts and decorate with melted chocolate.
And enjoy!


No comments:

Post a Comment