Thursday, March 15, 2018

Паштета од ореви / Walnut Pate


(scroll down for the recipe in English)
Кога се работи за здрава храна најмногу грешиме со ужинките. Нема сигурно да седнеме за ручек и да јадеме нешто што не е толку здраво, ама грешиме кога грицкаме сѐ и сешто помеѓу оброци. Еве една здрава паштета од ореви која ќе ви стане омилена. На лепче, на двопек, па дури и како мезе без никаков додаток. Превкусна е. Јас правам поголема количина, па во секое време има во фрижидер.

Потребни состојки:
3/4 чаша мелени ореви
3/4 чаша презла
1/4 чаша семки од сончоглед
3 лажици сенф
4 чешниња лук
малку солмалку 
црн пипер
1-2 лажици лимoнов сок
топла вода по потреба
Сите состојки се мешаат во блендер и се додава вода по потреба.
Ете толку е лесно.
Ако сакате можете да ставите парче авокадо или домат, но и самата паштета е доволно вкусна.



When it comes about healthy eating I think we all eat unhealthy things as snacks. We don't usually sit for lunch and dinner and eat unhealthy food intentionally, but when we need a snack we grab a packet of crisps or something like that.
This walnut pate is the perfect option for a snack. Spread on some toast or cracker. It's delicious, healthy and so easy to make. I make more, so I always have some in the fridge.
For this pate you will need:

  • 3/4 cup walnuts (ground)
  • 3/4 cup bread crumbs
  • 1/4 cup sunflower seeds
  • 2 tablespoons mustard
  • 4 cloves of garlic (minced)
  • some salt
  • some hot water
Mix all the ingredients in a blender. Add some of the hot water until you get the pate consistency.
And that's all. You have a healthy and delicious snack. You can top it with some avocado if you like.

No comments:

Post a Comment