Tuesday, November 6, 2018

Куглоф со лимон и кисела павлака / Lemon and Sour Cream Pound Cake


( scroll down for the recipe in English)

Од минатата година почнав кога патувам да си купувам книги за готвење од земјите кои ги посетувам. Најубаво ги доживувам различните места преку локалната храна, па на овој начин си носам делче од местата кои ги посетувам со себе дома. Овој рецепт е од книга со рецепти која ја донесов од Америка минатата година. Мек миризлив куглоф кој е прекрасен за со кафе или чај, особено ако сакате да макате во кафето како мене.


Состојки:
  • 1 филџан путер, стопен
  • 2 филџани шеќер
  • 6 јајца
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
  • 3 филџани брашно
  • 1/4 лажичка прашак за пециво
  • 1 филџан кисела павлака
  • кора од еден лимон
За преливот
  • 1 лажица млеко
  • сок од 1 лимон
  • 1 филџан  шеќер во прав

Загрејте ја рерната на 180 степени. Со миксер убаво избијте го путерот и постепено додадете го шеќерот, сѐ додека смесата не стане светло жолта. Додадете ги јајцата, едно по едно, па додадете ја ванилата.
Во смесата со путер додадете го брашното, прашакот за пециво и кора од еден лимон. Убаво измешајте, па додадете ја павлаката и сѐ соединете.
Садот за печење измачкајте го убаво со путер, па турете ја смесата. Печете 40-45 минути или сѐ додека куглофот не стане златно-кафеав од горе. Оставете го куглофот да се излади 10 минути, пред да го ставите на чинија за сервирање.
За преливот, измешајте го млекото, сокот од лимон и шеќерот. Полека прелијте го колачот. Послужете додека куглофот е топол.


Delicious Lemon Cake with some sour cream to keep it moist. Easy to make and perfect with coffee or tea.

Ingredients:
  • 1 cup butter, softened
  • 2 cups sugar
  • 6 eggs
  • 1 teaspoon vanilla extract
  • 3 cups all-purpose flour
  • 1/4 teaspoon baking soda
  • 1 cup sour cream
  • lemon zest from 1 lemon
For the glaze:
  • 1 tablespoon milk
  • juice of 1 lemon
  • 1 cup confectioner's sugar


Preheat the oven to 350 F (180 C). /using a mixer beat the butter with the sugar until it becomes light and fluffy. Add the eggs, one by one. Add the vanilla extract.
Stir together the flour, the baking soda and lemon zest and add them into the butter mixture, mixing constantly. Add the sour cream and mix everything well.
Spoon the batter into a greased pan. Bake 40-45 minutes, or until the cake is golden brown on top. Allow the cake to cool for ten minutes before placing it on a serving plate.
For the glaze, mix the milk, the lemon juice and sugar. Pour the glaze over the cake. Serve warm,









No comments:

Post a Comment