(scroll down for the recipe in English)
Сакам да пробувам рецепти од различни кујни, но на крај најубави ми се јадењата кои потекнуваат од нашите простори. Едноставни јадења во кои вкусовите се јасни и чисти. Такво е и ова јадење од медитеранската кујна. Здрав, вкусен ручек кој е лесен и за подготовка и за јадење.
Потребни состојки:
- 1 главица кромид
- 2-3 тиквички (зависи од големината)
- 200 гр. мелено месо
- 150 гр. ориз
- 1 морков
- 1 домат
- сув магдонос
- оригано
- сол
- црн пипер
- масло за пржење
Тиквичките исечете ги во висина колку што ви е садот во кој ќе печите. На секоја тиквчичка извадете го внатрешниот дел. Издлабете за да има место да се стави полнењето од месо. Ситно исецкајте го кромидот и изрендајте го морковот. Во една тава загрејте масло и пропржете го кромидот заедно со морковот и внатрешниот дел на тиквичките. Додатете го месото и испржете го. Кога ќе се испржи месото ставете го оризот и зачините и неколку минути пропржете.
Секоја од тиквичките наполнете ја со филот од месо и тиквичките наредете ги во тава за печење. Доматот исечете го на тркалца и секоја тиквичка покријте ја со парче домат. Во тавата турете вода до половина од висината на тиквичките.
Печете на 200 степени, околу 45 минути. Знаете дека се готови кога испарила водата, а оризот е мек.
Многу убаво оди со таратур!
Добар апетит!
STUFFED ZUCCHINI
Simple Mediterranean Recipe, tasty and light. It's easy to make and full of healthy nutrients. A guilt-free meal.
Ingredients:
- 1 onion
- 2-3 zucchini
- 200 grams (7 oz) ground meat
- 150 grams (5 oz) rice
- 1 carrot
- 1 tomato
- dry parsley
- oregano
- salt
- black pepper
- oil for frying
Remove the top of the zucchini and slice each zucchini in halves or thirds. Hollow out the zucchini to make place for the meat filling. Keep the zucchini cores because you are going to use them in the filling. Dice the onion and shred the carrot. Heat some oil in a pan and fry the onion with the carrot and the zucchini cores. When the onion is golden brown add the meat and fry for 5 minutes. Add the rice and the spices and fry everything for a couple more minutes.
Fill each of the zucchini with the meat filling. Place the zucchini in a baking pan. Slice the tomato and place one slice on top of each zucchini. Pour 2 glasses of water in the baking pan.
Bake at 400 F, for about 45 minutes, or until the water has evaporated and the rice is cooked.
It goes perfectly well with Tzatziki dip.
Bon Appetit!
No comments:
Post a Comment