( scroll down for the recipe in English)
Од минатата година почнав кога патувам да си купувам книги за готвење од земјите кои ги посетувам. Најубаво ги доживувам различните места преку локалната храна, па на овој начин си носам делче од местата кои ги посетувам со себе дома. Овој рецепт е од книга со рецепти која ја донесов од Америка минатата година. Мек миризлив куглоф кој е прекрасен за со кафе или чај, особено ако сакате да макате во кафето како мене.
