Прв пат правам пана кота и испадна баш убава. Мислев дека е нешто комплицирано, а тоа да ти била слатка павлака со желатин :) Убаво, вкусно, а многу едноставно за правење. Јас немав ни модли, па ја ставив смесата во филџани за кафе и сепак испадна успешно. Амаретото е мој додаток. Во последно време станав зависна од вкусот и го додавам во секој десерт
Состојки:
500 мл слатка павлака
50 грама шеќер
малку екстракт од ванила
малку амарето ликер
1 лажиче желатин натопен во 2 лажички вода
Измешајте ја слатката павлака со шеќерот и ванилата во тенџере. Варете се додека не зоврите, па варете на умерена температура уште 2 минути.
Тргнете го тенџерето од шпоретот и додадете го желатинот и амаретото. Мешајте се додека желатинот не се раствори сосема.
Распоредете ја смесата во 4 калапи или како мене во 4 филџани за кафе :)
Оставете да се лади 3-4 часа. Превртете ја панакотата на чинија. Доколку не излегуваат лесно поминете со нож по рабовите на филџанот, па потоа превртете на чинија. Послужете со свежо овошје, џем, карамел.
На здравје!
Ingredients:
2 cups sweet cream
1/2 cup powdered sugar
some vanilla extract
some amaretto
1 tsp gelatin
Mix the cream with the sugar and the vanilla extract. Cook it until boils and then lower the heat and cook it for 2 more minutes. Remove it from the heat and add the gelatin and the amaretto. Pour the cream in 4 moulds and put them in the fridge for 4 hours. Invert the moulds onto plates. You can run a knife around the edge of each mould before inverting it.
Serve with some fresh berries, jam or caramel sauce.
Enjoy!
No comments:
Post a Comment