Monday, May 22, 2017

Шпагети Карбонара / Spaghetti Carbonara

spaghetti carbonara

(scroll down for the recipe in English)

Како што затоплува времето, се повеќе време сум надвор, во природа, покрај езеро. Оваа година решив и посериозно да се занимавам со градинарство, па секој сончев ден сум на викендица, ем уживам во езерото, ем подработувам. Значи, рецепти со домашен зеленчук во најава.
Но, да се вратиме на шпагетите. Ова е еден убав рецепт за во оние денови кога сакате да уживате во убавото време, а сепак да имате вкусен ручек за чија подготовката нема да поминете саати во кујна.


Потребни состојки:

  • 500 г. шпагети
  • 100 грама сланина (ситно исецкана)
  • 3 чешниња лук (ситно исецкани)
  • 3 јајца
  • 1 филџан пармезан
  • 100 грама сирење
  • пола чаша млеко
  • сол
  • црн пипер
spaghetti carbonara

Сварете ги шпагетите на вообичаениот начин. Додека се варат шпагетите направете го сосот.
Загрејте тава на оганНе ставајте масло, зошто сланината сама ќе си пушти маснотија. Додадете ја сланината и испржете ја убаво. Кога сланината ќе е при крај додадете го лукчето и се убаво измешајте. Лукчето само малку да се пропржи. Е во овој момент јас одлучив во сланината да додам и млеко. Се плашев да не ми е сосот сув, па млеко ми одговараше совршено. Варете со млекото уште една две минути и тргнете го од огнот. Зачинете со сол и црн пипер.
Во длабока чинија изматете ги јајцата и додадете го пармезанот. Белото сирење е мој додаток, Некако сакам кога има од нашето сирење. Пармезанот како да не ми е доволен. И измената испадна совршена. Во изматените јајца со пармезан додадов уште 100 грама дробено сирење.
Откако ќе се сварат шпагетите исцедети ги, но оставете малку од водата. Тргнете ги од шпоретот и додадете го сосот со сланина. Убаво измешајте и вратете ги на оган па додадете ги јајцата и се убаво измешајте околу една минута. Ако ви се суви може да си додадете уште малку млеко или вода.
Сервирајте со малку пармезан од горе и свеж босилек.

Добар апетит!


This is a perfect recipe for these warm days when we want to enjoy the nice weather and not to be spending hours in the kitchen. It's easy to make and it has a restaurant quality taste.

Ingrediens:
500 grams spaghetti
100 grams bacon (1/2 cup), (sliced)
3 garlic cloves (minced)
1/2 cup milk
3 eggs
1 cup parmesan cheese
100 grams white cheese (1/2 cup)
some salt
some black pepper

Cook the spaghetti in the usual way. While the spaghetti are being cooked you can make the sauce.
Heat a pan and add the bacon. Fry until the bacon is crispy and then add the garlic. Fry for 2 more minutes. At this point I added some milk to the bacon and I put the pan aside.
Beat the eggs and add the parmesan cheese and some white cheese. Season with salt and pepper.
Drain the spaghetti but leave some of the water. Then pour the bacon sauce over the spaghetti and mix everything well. Put the spaghetti on the heater and add the eggs. Mix everything for a minute.
Serve with some parmesan on top and some fresh basil.

Bon Appetit!

No comments:

Post a Comment