Wednesday, January 25, 2017

Шеќерни колачиња / Sugar Cookies

sugar cookies

Убаво е кога имаш пријатели кои те знаат доволно добро за да ти одберат совршен подарок. Си добив две прекрасни кутии за колачиња и тоа беше доволна инспирација за овој рецепт. Вкусни колачиња за со утринското кафе. Превкусни се и се топат во уста. Што е најважно, остануваат такви и после два-три дена. Омилениот дел од печењето колачиња ми е тоа што дома мириса толку убаво, така што колачињата се во втор план. Не, не се :) ама убавиот мирис дома после печење доаѓа како гратис.




Состојки:

  • 2 1/2 филџани брашно
  • 1 лажиче пециво
  • 1/4 лажиче сол
  • 200 грама путер (на собна температура)
  • 3/4 филџан шеќер
  • 1 јајце
  • малку ванила

Се мешаат сувите состојки, брашното, пецивото и солта. Во друг сад убаво се бие путерот со шеќерот се додека не добие лесна структура. Се додава и јајцето и ванилата и се убаво се бие. Се мешаат сувите состојки со смесата од путер и шеќер. Брашното се додава постепено.
Се дели смесата на два дела и се витка во пластична фолија. Завитканото тесто се става во фрижидер најмалку еден час.
Се зема едниот дел од смесата и се става на набрашнета површина. Се сука во кора со дебелина од еден сантиметар. Се прават форми и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени.
Откако првите колачиња ќе се испечат, се повторува постапката со вториот дел од смесата.
Следниот пат ветувам дека ќе направам и глазура :) Но и вака се совршени

sugar cookies

1 comment:

  1. Hi,
    I have been looking for a good sugar cookie recipe for a long time and yours looks so easy I am going to try them.
    You have so many nice recipes on your blog please keep sharing them.
    Helen

    ReplyDelete