Monday, September 10, 2018

Рижото со печурки / Mushroom Risotto


Вкусно лесно рижото со интегрален ориз и печурка буковка. Здрав и вкусен оброк. Можам да го јадам ова рижото буквално секој ден. Е толку е вкусно и лесно за припрема.
Потребни состојки:
200 грама печурки
1 кромид
1 чаша интегрален ориз
2 чаши вода
2 лажици маслиново масло
сол и пипер по вкус
половина лажиче кари
малку соја сос
Ставете го оризот во топла вода и оставете го 20 минути. Загрејте го маслиновото масло во тава и додадете го исецканиот кромид. Кога кромидот ќе стане прозирен, додадете го оризот и печурките. Пропржете сѐ околу 5 минути, со постојано мешање, па зачинете со сол, пипер и кари. Ставете ја водата и варете на средна температура сѐ додека не се упие водата, околу 20 минути. Оризот треба да е убаво сварен, па по потреба додадете уште вода. 
Додадете малку соја сос и послужете го рижотото топло.

I decided to share with you one of my favorite healthy and delicious recipes. Risotto with brown rice and oyster mushrooms. I can eat this dish every day, literally. It's so delicious and full of all the nutritious ingredients that our body needs. And, above all, it's so easy to make.

For this risotto you will need:
200 grams oyster mushrooms
1 onion
1 cup brown rice
2 cups water
3 tablespoons olive oil
salt and pepper to taste
1/2 teaspoon curry
some soya sauce
First soak the rice in warm water for about 20 minutes. Heat the olive oil in a pan and add the diced onion. When the onion becomes translucent add the sliced mushrooms and the rice. Stir-fry everything for about five minutes and then add some salt, pepper and the curry. Pour the water and let it cook on medium heat until the water is absorbed and the rice is cooked. About 20 minutes.
Add some soya sauce and serve it warm.

No comments:

Post a Comment