(scroll down for the recipe in English)
Рецептов е американски и нема врска со Холандија. Има некаква поврзаност со Германија, но ако навлезам да ви објаснувам ќе заборавиме дека тука сме за рецептот првенствено. Многу лесно се прави, а е превкусен десерт. Сега е време на тикви и јаболка, па можете да си играте со комбинациите.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 1/4 филџан брашно
- 1/2 филџан млеко
- 1/4 филџан сварена тиква
- 2 лажици шеќер
- малку ванила
- малку каранфилче
- цимет
- 4 лажици стопен путер
- малку сол
Сварете едно мало парче тиква и испасирајте го. Испасирана тиквата треба да не биде повеќе од една четвртина од филџан. Значи ви треба многу малку, само за вкус.
Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете во неа да се загрее огноотпорен сад во кој претходно сте ставиле една лажица од путерот.
Изматете ги јајцата и додадете го шеќерот. Убаво изматете и додадете ги сите останати состојки и измешајте убаво сѐ.
Извадете го садот од рерна и убаво измачкајте го со растопениот путер, па вратете го уште една минута во рерна.
Турете ја смесата во огноотпорниот сад и pечете околу 20 минути. Палачинката треба да добие убава златеста боја и да се надуе во средината.
Ивадете ја палачинката, посипете ја со шеќер во прав и турете мед или јаворов сируп.
Послужете веднаш бидејќи за кратко време палачинката ќе се спушти. Повторно ќе е вкусна, но убаво е да ја послужите во полн сјај.
Добар апетит!
Delicious and easy to make treat. Good for breakfast, brunch and perfect as a dessert. It's the pumpkin and apple season so you can make your favorite fall combination.
Ingredients:
4 eggs
1/4 cup flour
1/2 cup milk
1/4 cup pumpkin puree
2 tablespoons granulated sugar
some vanilla extract
some cinnamon
some clove
4 tablespoons butter (divided)
Boil some pumpkin until tender. You need 1 cup of cooked pumpkin, just for some fall flavor.
Preheat the oven to 425 F or 200 C. Put 1 tablespoon of the butter in an ovenproof skillet and puut the skillet in the oven.
Beat the eggs with the sugar until combined. Add all the other ingredients and mix everything well.
Remove the skillet from the oven, brush it with the melted butter. Put it back in the oven for one minute.
Pour the batter in the skillet and put it in the oven. Let it bake for 20 minutes until the pancake is golden brown and puffy.
Sprinkle the pancake with powdered sugar and drizzle it with maple syrup or some honey. Serve it hot.
Bon appetit!
No comments:
Post a Comment