(scroll down for the recipe in English)
Мафиниве се толку вкусни што немав трпение да го напишам рецептот. Прав есенски десерт. Јаболка, цимет, каранфилче и ѓумбир. И ванила секако. Прв пат правам мафини со интегрално брашно, па малку се плашев како ќе се испечат, но верувајте прекрасни се. Мислам дека ќе го заменам обичното брашно со интегрално во многу од рецептите за мафини. Посебно кај оние со чоколадо.
За 12 мафини ви се потребни следните состојки:
2 филџани интегрално брашно
1 лажиче прашак за пециво
1/2 лажиче сол
цимет
каранфилче
ѓумбир во прав
ванила
1 јаболко
2 јајца
3/4 филџан шеќер
1/2 филџан масло
4-5 лажици кисела павлака
2 лажици шеќер во прав
Уклучете ја рерната на 200 степени. Јаболкото исечете го на мали парчиња и сварете го. Ставете го во блендер за да се добие пире.
Измешајте ги во еден сад сувите состојки: брашно, прашак за пециво, сол и сите зачини. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот па додадете го јаболковото пире и маслото. Сувите состојки додадете ги во садот со јајцата и убаво измешајте.
Намачкајте го со масло тавчето за мафини и во секое калапче ставете по две лажици од смесата и од горе по една лажичка од павлаката која претходно сте ја измешале со шеќерот во прав. Можете со лажичка да ја разлеете малку павлаката да не е на едно место.
Печете 20 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Perfect tender muffins with apple puree, cinnamon and sour cream. Easy to make and incredibly delicious. Moist and tender in the inside with tasty sour cream topping.
Ingredients:
1 and 3/4 cup whole wheat flour
1 teaspoon baking powder
1/2 teaspoon salt
some cinnamon
some nutmeg
some ginger powder
vanilla extract
1 apple
2 eggs
1/2 cup sugar
1/2 cup oil
4-5 tablespoons sour cream
2 tablespoons confectioners sugar
Preheat the oven at 200 C or 400 F.
Cut the egg in small pieces and boil it until tender. Put the boiled apple in a blender to make apple puree.
Mix all the dry ingredients in a bowl: the flour, baking powder, cinnamon, salt, nutmeg, ginger and the vanilla.
Beat the eggs with the sugar and add the apple puree and the oil. Put the dry ingredients in the bowl with the eggs and mix everything well.
Grease the muffin pan and put two tablespoons from the batter in each muffin mold. Mix the sour cream with the confectioners sugar and top each muffin with one teaspoon of the sour cream.
Bake for 20 minutes.
They are so good with coffee.
Enjoy!
No comments:
Post a Comment