(scroll down for the recipe in English)
Наједноставните јадења некогаш се најубави. Нема многу состојки и се чувствуваат сите вкусови, секоја состојка доаѓа до израз. Маслиновото масло и лукчето едноставно се сакаат. Зачините ја надополнуваат забавата. Ова е моја верзија на италијанските Aglio e Olio. Тие ги прават само со маслиново масло, лукче и црвена пипер. Јас додадов и малку босилек, оригано и црн пипер. Пробајте, па направете си ја вашата омилена верзија.
Состојки:
500 грама шпагети
малку маслиново масло
неколку чешниња лук
сушен босилек
оригано
црвена пипер
црн пипер
50 грама индиски ореви
свеж магдонос
Шпагетите сварете ги на вообичаениот начин. Во врела вода, 15 минути. Исцедете ја водата и ставете малку маслиново масло во нив.
Пропржете го исецканото лукче во маслиново масло, да е кафеафкасто, но не да изгори. Додадете зачини по желба и сѐ убаво измешајте.
Прелијте ги шпагетите со маслиновото масло со зачините.
Сомелете ги индиските ореви и ставете од нив врз шпагетите, наместо пармезан.
Украсете со магоднос и уживајте во лесниот оброк.
На здравје!
Tasty spaghetti with olive oil, garlic and spices. My version of the Italian Aglio e Olio. The olive oil and garlic are perfect together, and the spices just warm up the party. Try the recipe and make your own version with your favorite spices.
Ingredients:
500 grams spaghetti
some olive oil
3-4 cloves of garlic
basil
oregano
black pepper
red pepper
50 g cashews, ground
some fresh parsley
Cook the spaghetti the usual way. 15 minutes in boiling water.
Fry the garlic (diced) in the olive oil, until golden brown. Add the spices and mix well.
Pour the olive oil over the spaghetti. I sometimes add some cashews on top, instead of parmesan cheese.
Decorate with some parsley and enjoy your healthy meal!
No comments:
Post a Comment