Thursday, February 22, 2018

Шпагети со авокадо / Avocado Pasta

avocado pasta

(scroll down for the recipe in English)

Еве едно јадење кое е и здраво и хранливо и вкусно. Шпагети со сос од авокадо. Го сакам авокадото и поради хранливоста и поради тоа што може да се вклопи во секаква ситуација. Убаво е со лукче, со маслинка, а се прават и прекрасни чоколадни рецепти кои во основа имаат авокадо.

Да се вратам на шпагетите. Превусни се, а се готови за 15 минути.

И не знам дали ви кажав дека се посни без масло. Поздрав оброк здравје.



avocado pasta

Потребни состојки:
2 авокада
едно пакетче шпагети
10-12 маслинки
2-3 млади кромитчиња
малку лимонов сок
лукче, или сецкано или во прав
сол и бибер


avocado pasta


Сварете ги шпагетите на вообичаениот начин. Значи во врела вода и варете додека не се готови.
За сосот, испасирајте го авокадото и дадете ги сите останати состојки - маслинките исецкани на ситни парчиња, кромитчето, сокот од лимон и зачините. Убаво измешајте го сосот со шпагетите и послужете.
Тоа е сѐ.
Добар апетит!


avocado pasta


This pasta recipe is my favorite. It's full of flavors and also so healthy and nutritious. Not to mention how simple it is to make.

You will need:
2 avocados
about 15 oz spaghetti
10-12 olives
2-3 scallions
some lemon juice
some garlic powder
salt and pepper


Cook the spaghetti the usual way. Put them in boiling water and cook until they are done.
For the sauce, mash the avocado, or you can put it in a blender to have a finer texture. Slice the olives and scallions to small pieces and add them to the avocado.
Add some lemon juice and garlic powder and season with salt and pepper to taste.
Enjoy your tasty and healthy meal :)
avocado pasta

No comments:

Post a Comment