Кога ќе го пробав рецептов, прва мисла ми беше тоа дека вредеше миењето на спанаќот. Превкусен додадок за секое јадење. Лесно се прави и реално не може да се погреши. Спанаќ секогаш оди убаво со млечни производи, а оревите така добро се влопија што самаta си честитав.
Состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- една голема главица кромид, исечена на полумесечини
- 125 мл пилешка супа или супа од зеленчук од коцка
- 300 грама спанаќ
- 50 грама крем сирење
- 5-6 ореви (толчени)
Загрејте го маслото на умерена температура, во голема тава. Додадете го кромидот и пржете 5 минути. Додадете ја супата и и варете една минута.
Ставете го исецканиот спанаќ и се убаво пропржете додека не овене спанаќот, околу 3-4 минути. Сега ставете го и сирењето и измешајте убаво да се соедини.
Тргнете го од оган и додатете ги оревите и убаво измешајте.
Прекрасен додаток е за со месо, но и самото е доволен оброк.
Добар апетит!
CREAMY SPINACH
This recipe is worth washing the spinach. A delicious side dish that goes perfectly with meat, but it's great on its own too. The spinach goes well with cheese, but the walnuts added some magic to the whole combination.
You need:
- 2 tbs olive oil
- 1 big onion cut in half rings
- 125 ml (3/4 cup) chicken or vegetable stock, form cubes
- 300 grams spinach (10oz)
- 50 grams cream cheese (1,8 oz)
- 5-6 walnuts
Heat the oil in a bigger pan, on medium heat. Add the onion and fry for 5 minutes, until the onion is golden brown. Add the soup and boil everything for 5 minutes. Add the spinach and cook everything for 5 more minutes. Add the cheese and combine all the ingredients well.
Remove from heat and add the walnuts (cut in small pieces).
Enjoy!
No comments:
Post a Comment