Friday, February 17, 2017

Карамелизирана торта со банани / Caramelized Banana Cake

banana cake

Имам направено превртена торта со јаболка и беше превкусна, но оваа со банани испадна уште поубава. Путерот се карамелизира со шеќерот и се поврзува со бананите во еден предобар вкус. Сигурно би била уште повкусна ако се сервира со малку шлаг крем или сладолед. Јас брзав да ја пробам, па еве ја без додатоци.


Состојки:
  • 6 лажици стопен путер
  • 100 грама шеќер
  • 2 банани исечени на тркалца
  • 1 изгмечена банана
  • 3 лажици масло
  • 1 јајце
  • пола филџан павлака
  • 100 грама шеќер
  • малку ванила
  • 2 лажички прашак за пециво
  • 1 лажиче сол
  • 1 филџан брашно
banana cake

Загрејте ја рерната на 180 степени. Стопете го путерот и измешајте го убаво со 100те грама шеќер. Садот за печење се премачкува со путерот убаво на дното и од страните. 
Се редат бананите да се покрие дното.
Во голем сад измешајте ги убаво згмечената банана, маслото, шеќерот, јајцето, павлаката и ванилата. Додадете ги брашното и прашакот за пециво. 
Оваа смеса турете ја над бананите. Печете 35 минути.

banana cake

Оставете малку да се излади, па превртете ја тортата врз чинија за сервирање.
Послужете со некаков крем, сладолед или како мене, без ништо :)
На здравје!

banana cake

Tasty, caramelized bananas...in a cake. Easy to make and simply delicious.

Ingredients:
  • 6 tablespoons butter, melted
  • 3/4 cups sugar
  • 2 bananas, sliced
  • 1 banana mashed
  • 3 tablespoons oil
  • 1 egg
  • 1/3 cup sour cream
  • 1/2 cup sugar
  • some vanilla extract
  • 2 teaspoons baking powder
  • 1 teaspoon salt
  • 1 cup flour
Preheat the oven to 350 F, 180 C. Melt the butter and mix it well with the sugar. Grease the pan with the butter and arrange the sliced bananas on the bottom of the pan.
Mix in a bowl, the mashed banana with the oil, sugar, the egg, the sour cream and the vanilla extract. Add the baking powder and the flour.
Spread the batter on the bananas and bake for 35 minutes.
Serve with some ice cream or whipped cream.
Enjoy!

banana cake


No comments:

Post a Comment