Одлично предјадење, па и главно јадење доколку сакате лесен оброк. Печурки полнети со пржен кромид, лукче и зачини и покриени со потпечен кашкавал.
Состојки
- 300 грама свежи шампињони
- еден кромид
- 3-4 чешниња лук
- сол
- зачини по вкус
- 200 грама кашкавал
Се сечат дршките на печурките и се сецкаат на ситни парчиња. Кромидот ситно се сецка и се пропржува со ситно исецканиот лук. Се додаваат дршките од печурките и се убаво се пржи. Се додаваат зачини по вкус, оригано, босилек, магдонос.
Со оваа смеса се полнат печурките и се печат на 200 степени 10 минути. Се вадад од шпоретот и на секоја печурка се става парче кашкавал и повторно се враќаат во рерна на уште 5 минути.
Толку е едноставно!
Добар апетит!
Ingredients:
- 300 grams mushrooms
- one onion
- 3-4 cloves of garlic
- some salt
- some spices
- 200 grams yellow cheese
Remove the stems from the mushrooms and cut them into small pieces. Cut the onion into small pieces and fry it a bit with the garlic. Add the mushroom stems and fry everything well. Add salt and spices. Fill the mushroom caps with the onion mixture and put them in the oven at 200 degrees for 10 minutes. Take them out of the oven and cover each mushroom with a piece of cheese. Bake for 5 more minutes!
Enjoy!
No comments:
Post a Comment