Вкусна торта од јаболка. Додатете рум, мускатно оревче и секако цимет. Превкусно. Многу ми е убава комбинацијата јаболко со цимет, а и кому не? Исто е добра како комбинацијата на сирење и босилек или ванила и чоколадо, тиква - мед или домат-сирење. Го сакам овој рецепт бидејќи не бара многу планирање, а резултатот е вкусен.
За оваа торта ви е потребно:
- 10 лажици топен путер
- 1/2 чаша кафеав шеќер
- 3 јаболка
- 1 1/2 чаша брашно
- 1 1/2 лажиче прашак за пециво
- 1/2 лажиче сол
- 1.2 лажиче цимет
- мускатно оревче
- малку рум
- 1/2 филџан шеќер
- 2 големи јајца
- малку ванила
- 1/2 чаша млеко
Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте го садот за печење со две лажици растопен путер. Потоа покријте го дното и страните на садот со кафеав шеќер. Исечете ги јаболката на парчиња и наредете ги во кругови.
Изматете ги заедно брашното, прашакот за пециво, солта, мускатното оревче и циметот. Ставете ги настрана. Потоа измешајте го путерот со шеќерот и јајцата. Потоа постепено додајте го брашното и млекото. Додате и рум.
Турете ја смесата врз јаболката. Ставете во рерна и печете 40 минути. Оладете ја тортата, најмалку 30 минути.
Овој пат ја послужив така, без ништо од горе, но и малку шлаг или некаков крем нема да наштети :)
Добар апетит!
Турете ја смесата врз јаболката. Ставете во рерна и печете 40 минути. Оладете ја тортата, најмалку 30 минути.
Овој пат ја послужив така, без ништо од горе, но и малку шлаг или некаков крем нема да наштети :)
Добар апетит!
Apples in a cake, tasty. And add some rum, some nutmeg and some cinnamon of course. Delicious. I love the apple-cinnamon combination. It goes well as the cheese-basil combination, or vanilla-chocolate, pumpkin-honey or tomato-cheese. I like this recipe because it does not need much planning and it's still delicious.
- 10 tablespoons butter
- 1/2 cup brown sugar
- 3 apples
- 1 1/2 cups flour
- 1 1/2 teaspoons baking powder
- 1/2 teaspoon salt
- 1/2 teaspoon cinnamon
- some nutmeg
- some rum
- 1/2 cup sugar
- 2 large eggs
- some vanilla extract
- 1/2 cup milk
First preheat oven to 200 degrees. Coat the bottom and the sides of the cake pan with 2 tablespoons of butter. Cover the pan with the brown sugar. Then peel the apples and slice them into wedges. Put the apples in the pan in circles.
In a bowl whisk together the flour, baking powder, salt, nutmeg and cinnamon. Set it aside.
With a mixer first mix the butter and the sugar and add the eggs. Then gradually add the flour and the milk. I added some rum too,
Now spoon the batter on the apples. Put it in the oven and bake for about 40 minutes. Cool the cake on a wire rack for 30 minutes at least.
This time I served it like that, no topping, but I think some cream won't do any harm :)
Bon appetit!
No comments:
Post a Comment