Friday, September 29, 2017

Компири на канадски начин / Canadian Poutine

Canadian poutine

(scroll down for the recipe in English)

Овој рецепт го носи пржениот компир на сосема друго ниво. Знам дека не е баш најздрава храна, ама верувајте толку се вкусни компирите што вреди да се згреши одвреме навреме. Го пробав ова јадење во Америка ова лето. Другарка ми го спреми како додаток за хамбургер и можам да речам дека хамбургерот падна во сенка. Кога се вратив го пробав рецептот и мислам дека ми е омилен начин за подготовка на компир. Може да го јадете како додаток, како главно јадење, а да не зборувам колку оди како мезе за пиво.

Состојки:

  • 1,5 кг компир
  • 4 лажици стопен путер
  • 1/4 филџан брашно
  • 1 чешне лук
  • 4 филџани говедка супа (од коцка)
  • 2 лажици кечап или доматен сос
  • 2 лажици Ворчестер сос (доколку имате)
  • сол и пипер
  • масло за пржење
  • 3 филџани изрендан кашкавал

Canadian poutine

Излупете ги и исечете ги компирите и ставете ги во сад со ладна вода, па во фрижидер. Нека стојат таму додека го правите сосот.

На почеток направете 4 филџани говедска супа од коцка. Потоа, во тавче загрејте го путерот и додадете го брашното и мешајте, околу 2 минути. Додадете го лукчето, исецкано на ситно. Додадете ја супата, кечапот, ворчестер сосот и зачинете со сол и пипер. Нека зоврие сосот и нека се вари околу 6 минути. 
Ставете го сосот на најтивко додека ги пржите компирите.

Во тенџерче со масло пржете ги компирите околу 4 минути. Да бидат испржени и крцкави. Кога ќе се испржат извадете ги од маслото и ставете ги на хартија за да се упие маслото.
Распоредете ги компирите во огноопорен сад, одгоре покријте ги со кашкавалот и на крај турете го сосот.
Ставете ги компирите во претходно загреана рерна и оставете ги 5-10 минути за да се стопи кашкавалот и убаво да се распореди.

Јадете ги топли.....секако нема да можете да чекате :)

Canadian poutine


Canadian Poutine!


French fries brought to a completely different level. They may be not healthy, but they are delicious. I first tried Canadian poutine this summer when I was in the states. My friend made them as a side dish with some burgers. You can have them as a side dish, main course and not to mention how well they go with beer.

Ingredients:
  • 4 pounds potatoes
  • 4 tablespoons butter
  • 1/4 cup flour
  • 1 clove of garlic, minced
  • 4 cups beef stock
  • 2 tablespoons ketchup
  • 2 tablespoon worchestershire sauce
  • salt and pepper to taste
  • some oil for frying
  • 3 cups cheddar cheese
Cut the potatoes and place them in a bowl full of cold water. Place the bowl in the fridge and leave them there while you are making the sauce.

Heat the butter in a pan and add the flour. Cook, stirring, for about 2 minutes. Add the garlic and cook for 2 more minutes. Pour in the beef gravy and add the ketchup, the worchestershire and season with salt and pepper. Cook everything for about 6 minutes. Keep the gravy over the lowest setting while you fry the potatoes.

Put some oil in a pan and fry the potatoes until they are tender, but crispy. For about 4 minutes. When they are fried , drain them on paper towels so the oil is absorbed.  
Put the fries in  pan, cover them with the cheese and pour the gravy on top of them.

Put the pan in the previously heated oven and leave them there for 5-10 minutes.

Grab a beer and enjoy!!!









No comments:

Post a Comment