Friday, September 8, 2017

Чискејк со бело чоколадо и капини / Blackberry and White Chocolate Cheesecake

cheese cake

(scroll down for the recipe in English)

Распустот заврши и еве ме пак. Имав прекрасно лето, со многу нови вкусови, мириси, слики... и се надевам дека ќе успеам некои од работите што ги пробав и видов за време на одморот да ви ги пренесам и вам.
Сакам да се вратам на пишување на блогот со еден рецепт за чискејк. Сум правела чискејк повеќе пати, но никогаш не сум споделила рецепт. Некако како да не бев сигурна дека тоа е тоа, иако вкусот беше одличен. Кога пробав чискејк со бело чоколадо во Балтимор ова лето, првата мисла ми беше - мојот чискејк е исто добар како овој. И се охрабрив да споделам како го правам

Потребни состојки:

  • 2 филџани дробени бисквити
  • 200 грама растопен путер
  • малку цимет (доколку сакате)
за кремот:
  • 300 грама крем сирење (може и повеќе секако)
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша кисела павлака
  • 3 јајца
  • 1 бело чоколадо
  • малку екстракт од ванила
за прелив
  • 2 филџани капини
  • 2 лажици шеќер
Загрејте ја рерната на 150 степени.
Здробете ги убаво бисквитите. Јас ги ставив во сецко, но можете и рачно. Стопете го путерот и убаво измешајте го со бисквитите. Може во бисквитите да додадете и малку цимет, доколку сакате.

cheese cake

Земете тавче за торта од оние на кои им се вади страничниот дел. Намачкајте го со масло и ставете ја смесата со бисквитите на дното и убаво измазнете ја со лажица. Ставете го тавчето во фрижидер 5 минути.

За кремот, во подлабок сад ставете го крем сирењето и измешајте го со миксер. Додавајте ги јајцата едно по едно и убаво избијте ги. Додатете ја киселата павлака и шеќерот и се убаво измешјате со мискер. Во меѓувреме растопете го чоколадото и оставете малку да се подолади. Додадете ја ванилата и оладеното чоколадо во кремот и убаво измешајте. 
Кремот турете го врз бисквитите.

cheese cake

Тајната на добар чискејк е крем сирењето, но и начинот на печење. За да нема пукнатини, печете ја тортата на водена бања. Завиткајте го тавчето со фолија и ставете го во друга тава која е до половина наполената со врела вода. Така тортата ќе има доволно влага за време на печењето и нема да распука на површината.
Печете 1 час. Кога ќе е тортата готова средниот дел треба уште да е мек и да мрда.
Ставете го чискејкот во фрижидер, најмалку 3 часа.

cheese cake


За преливот загрејте ги капините со шеќерот и варете неколку минути се додека течноста не стане густа. Јас додадов и малку рибизли.

Сервирајте со капини и уживајте!

cheese cake

I'm back from my summer holiday with some great new experiences and a lot of new recipes. I've made cheesecakes a couple of times бефоре and they were pretty good, but it wasn't until I tried cheesecake in Baltimore, during my trip to the USA this summer, that I realized that my cheesecake is as good as the one I had there. I feel confident enough to share with you my recipe

Ingredients:
  • 2 cups grounded crackers
  • some cinnamon
  • 200 grams  butter (1 stick), melted
For the filling
  • 300 grams or 0.6 pounds cream cheese
  • 1 pint sour cream
  • 3 eggs
  • 1 cup of sugar
  • some vanilla extract
  • 100 grams white chocolate (about 1 cup when it's melted)
For the topping:
  • 2 cups of blackberries
  • 2 tablespoons sugar
cheese cake

Preheat oven to 325 F.

Ground the crackers by hand or using a food processor. Melt the butter and combine it with the crackers. You can add some cinnamon if you like. Mix the butter with the crackers well. Take a springform pan and coat it with some oil. Pour the crumbs into the pan and using a spoon press down the crumbs on the bottom of the pan. Place the pan in the fridge for 5 minutes.

cheese cake

Melt the white chocolate and leave it to cool. In a bowl, beat the cream cheese with a mixer. Then add the eggs one by one and beat everything until fluffy. Add the sour cream, the sugar, the vanilla extract and the white chocolate. Beat everything well.
Pour the filling over the crackers.

You are going to bake the cheesecake in a water bath in order not to have cracks on the cake.
Place the pan over aluminium foil and fold the sides around it. Place the pan in a larger baking pan and fill the larger pan with boiling water until the water is halfway up the sides.

cheese cake

Bake for an hour. The cake should still juggle in the middle when it's baked.
Chill the cake in the fridge for 3 hours. Using a spatula unmold the cake and place it on plate.
For the topping, heat the blackberries with the sugar and cook them for a couple of minutes until nice syrup is formed.
Serve a piece of cake with some blackberry topping and enjoy!

cheese cake


No comments:

Post a Comment