Saturday, December 16, 2017

Рижото со морски плодови / Risotto with Seafood



Не е еден од рецептите од книгата на дедо ми, но е нешто превкусно. Рижото кое ќе ве однесе подалеку од студот и сивилото и за момент ќе ви замириса на море. Сакам морски плодови, во каква и форма да се зготвени, но рижотово е победник. Лесно се прави, а добивате јадење како од некој убав морски ресторан.


Состојки:
300-500 грама морски плодови
1 кромид
2-3 чешниња лук
2 лажици масло
1чаша ориз
2 чаши бело вино
сол
црн пипер



Исецкајте го кромидот и лукот ситно и пропржете малку. Кога ќе се пропржи, додате ги морските плодови и 5-10 минути пржете на тивко. Не додавајте вода.
Додадете го оризот и измешајте за да сѐ соедини убаво сѐ. Турете го белото вино и оставете да се пржи на средна температура. кога ќе се упие виното, додавајте вода по потреба сѐ додека не се зготви оризот и се убаво да се соедини. Ставете сол и пипер по вкус.

Секако, оди одлично со бело вино.
Добар апетит!

Ingredients:
300-500 grams seafood
1 onion
2-3 cloves of garlic
2 tablespoons oil
1 cup rice
2 glasses of white wine
salt and pepper


Chop the onion and the garlic and fry them in hot oil for a couple of minutes. Add the seafood and fry everything for 5-10 minutes on low heat. Don't add any water.
Add the rice and stir to combine everything. Pour the wine, and let it simmer on medium heat. When the wine is absorbed, add water until the rice is cooked and the risotto has the desired texture. Season with salt and pepper to taste. risotto obtain the desired texture and density. Season with salt and pepper.
Bon appetit! 


No comments:

Post a Comment