Wednesday, July 11, 2018

Шпагети со маслиново масло и зачини / Spiced Spaghetti with Olive Oil


(scroll down for the recipe in English)

Наједноставните јадења некогаш се најубави. Нема многу состојки и се чувствуваат сите вкусови, секоја состојка доаѓа до израз. Маслиновото масло и лукчето едноставно се сакаат. Зачините ја надополнуваат забавата. Ова е моја верзија на италијанските Aglio e Olio. Тие ги прават само со маслиново масло, лукче и црвена пипер. Јас додадов и малку босилек, оригано и црн пипер. Пробајте, па направете си ја вашата омилена верзија.