Tuesday, October 6, 2015

Pumpkin Soup / Супа од тиква

pumpkin soup

Ептен ја погодив супава од тиква. На сите дома им се допадна. Ми изгледа дека ќе стане редовен дел од менито. Лесна е за правење, но има вкус како да сте поминале цел ден во кујна.



За оваа супа ви е потребно:

  • 800 грама тиква
  • 1 голем кромид
  • 200 грама павлака ( ако сакате да е посна не мора да ставате)
  • 700 мл пилешка супа (или зеленчукова), спремена претходно
  • малку магдонос и босилек
Исецкајте го кромидот и ставете го во тавче за пржење. Испржете го се додека не стане кафевкаст и додадете ја тиквата исечена на големи парчиња. Пржете се 10 минути.
Кога се ќе се пропржи убаво додадете ја супата и оставете да зоврие. Варете најмалку 15 минути или се додека не се свари тиквата. Додатете зачини. Јас додадов само магдонос и босилек, сакав да се задржи вкусот на тиквата. Сега се додава и павлаката (доколку ставате).
Кога ќе се свари тиквата тргнете ја од шпоретот. Можете да измешате се со миксер или со блендер. Јас користев преса за правење пире.
Додатете уште малку павлака од горе и ако сакате и семки од тиква. Оди одлично со двопек или со брускети.
Добар апетит!


pumpkin soup

I am especially proud of my pumpkin soup. Everyone at home liked it. I think I'm going to have to make it very often now. It's very easy to make, but it tastes like you had spent all day in the kitchen.

For this soup you need

  • 800 grams pumpkin
  • 1 big onion
  • 200 grams sour cream
  • 700 ml chicken soup (or vegetable soup), prepared beforehand
  • some parsley and basil

Chop the onion and put it in a frying pan. Fry it until golden brown and than add the pumpkin sliced in big chunks. Fry everything for 10 minutes.
After everything is almost fried add the soup, and bring it to the boil. Cook everything for at least 15 minutes or until the pumpkin is cooked. Now you can add some spices. I added only some parsley and basil, I wanted to keep the taste of the pumpkin. Also now is the moment to add the sour cream and bring everything to the boil once more.
When you think that the pumpkin is cooked remove it from the cooker. You can use a hand blender to make the puree or a regular mixer. I used the mash potato masher.

Top the soup with some more sour cream and, if you have, some pumpkin seeds.
Bon appetit!

No comments:

Post a Comment